Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека доколку не се смени ништо до 11-ти април, образованието ќе оди на штрајк.

Тој вели оваа одлука е донесена со 100% мнозинство.

„Во меѓувреме, овие 10-тина дена не најдеме меѓусебно решение, одлуката ќе се реализира“, вели Неделков.

На ова реагираше и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири кој посочи дека штрајкот не е решение.

„Штрајкот не го гледам како опција за решавање на проблеми, но се подразбира дека штрајкот е дел од синдикалното право и јас ја почитувам одлуката од страна на одборот во синдикатот каде е донесена“, вели Шаќири.

Тој додава дека ќе продолжат со процесот, а најавено е и заедничка дискусија со цел решавање на проблемот.