„Тешко се менува перцепцијата кај граѓаните, особено кога тие се сведоци на ситна корупција секој ден, но и на поголеми скандали и судски случаи. Наша цел е да изградиме систем по кој ќе се постапува по овие случаи, редовно и на институционален начин“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на ТВ Шења.

Тој додаде дека не треба да се остави само на судот на јавноста и медиумите, кој е легитимен, но потребна е и правна разрешница за случаите на корупција.

„Системот на борба против корупција започнува со владините политики, инспекциите, министерствата со истражни надлежности и продолжува во обвинителството, а завршува на суд. Било кој од овие алки во системот ако делува споро или не делува како што треба, целиот систем не функционира“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека и Собранието има важна улога, бидејќи таму доаѓаат сите извештаии на државните институции и ги повика пратениците да ги користат сите свои можности за контрола и мониторинг.