Франција не гледа знаци на пробив во разговорите меѓу Украина и Русија и ќе почека делата да ги следат зборовите, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.
– Војната продолжува и засега, колку што знам, нема пробив или нешто ново, рече Ле Дријан во интервју за радиодифузерите Франс 24 и РФИ.
Тој додаде дека „има многу изјави од руските власти“.
– Ќе верувам само на дела, нагласи шефот на француската дипломатија.