Владата на денешната седница донесе одлука за објавување на Јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до три хектари во девет региони, инфомираат од Министерство за земјоделоствот, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Со овој јавен повик, додаваат од МЗШВ, им се овозможува на земјоделците што имаат земјиште со долгодишни насади, а за кое немаат склучено договор за закуп, да достават понуди до нив со податоците за земјиштето.

– На овој начин, со склучување на договорите со МЗШВ, се решава правниот статус на земјиштето со што земјоделците ќе имаат право да конкурираат за мерките од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Јавниот повик е наменет за Кавадарци, Росоман, Неготино, Ресен, Струга, Струмица, Тетово, Валандово и Гевгелија, велат од МЗШВ.

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост според МЗШВ е за одгледување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години, одгледување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години и за одгледување на маслинарници за период до 50 години. Од таму додаваат дека јавниот повик ќе биде објавен до крајот на неделата.