„Не постои траен мир без социјална правда и да бидеме солидарни денес, за да опстоиме сите заедно утре“, се дел од пораките на првите страници на списанието „Лице в лице“, издание посветено на темата социјална правда, напиша на својот Facebook профил, министерот за правда Бојан Маричиќ.
„Работниот ден го завршувам со посетата на Кико на Секретаријатот за европски прашања. Ја продолжуваме нашата дружба и остануваме партнери во економско и социјално зајакнување на ранливите групи.
Наша должност е да даваме поддршка и свој придонес кон зајакнување на ранливите категории на граѓани и кон градењето на инклузивно општество“, пишува Маричиќ.