Папата Франциск, во денешната редовна неделна беседа до верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, повторно апелираше за прекин на борбите во Украина и повика на преговори.

-Помина повеќе од еден месец од почетокот на оваа сурова и бесмислена војна, рече папата до верниците на плоштадот.

Поглаварот на Римокатоличкат црква војната ја осуди како „варварски чин и сквернавење“.

Додека, како што рече, родителите ги закопуваат своите деца, „моќните одлучуваат, а сиромашните умираат“.

Папата Франциск уште кажа и дека „војната ја уништува не само сегашноста, туку и иднината на општеството“.