Фудбалерите Александар Трајковски и Енис Барди ќе добијат дипломатски пасоши од страна на Министерството за надворешни работи.

Ова на брифинг го соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој додаде дека поводот за оваа одлука е историскиот гол и големата победа над Италија.