Министерот за правда, Никола Тупанчески, во изјава за Фокус  рече дека на свој трошок отпатувал во Италија за да го следи фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Италија во Палермо.

Државната комисија за спречување на корупцијата им порачаа на Тупанчески,  вишата јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев, да си кажат кој им ги подмирил трошоците за патувањето.

„Секако дека на свој трошок бев во Италија, изјави за Фокус министерот, веднаш штом слета во Скопје.