Александар Трајковски, стрелецот на голот со кој македонската фудбалска репрезентација ја победи Италија пристигна на аеродромот со топката во раце.

Тој не се дели од топката и ја држи во рака дури додека дава изјави за медиумите.

Потсетуваме дека играчот на тимот од Саудиска Арабија Ал Фајха синоќа со велемајсторски удар во втората минута од судиското надополнување на времето, ја испрати нашата репрезентација, во финалниот круг на баражот за пласман на светското првенство во фудбал, што треба да се одржи годинава во Катар.