Наставниците се подготвени за генерален штрајк од 11 април доколку Владата продолжи да ги игнорира барањата за покачување на платите во образованието и градинките.

Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека бара време да се реши проблемот за да бидат задоволни за сите страни.

СОНК бара покачувањето на платите во образованието и градинките од мартовската плата за најмалку 18,5%, .Според СОНК, доколку во градинка платата била околу 25 илјади денари, реалната плата во март би била околу 30 илјади. Ова би се однесувало и за основното и за средното образование.