Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека крајната цел на рускиот претседател Владимир Путин е обновата на Советскиот сојуз, а тоа ги засега сите земји во Европа.

„Неговата амбиција е обнова на Советскиот сојуз. Денеска Доњецк и Луганск, утре можеби Полска. Прашање е колку Путин далеку ќе отиде и оваа војна може да влијае на сите во Европската унија“, изјави Кличко за регионалната телевизија Н1.

Кличко, изјави дека дел од најавената американска воена помош веќе пристигнала во Украина.

„Веќе долго бараме затворање на воздушниот простор над Укрина. Ако тоа не може да го направите, дајте ни оружје, ние сами ќе го затвориме небото, изјави тој.