Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека е договорен хуманитарен коридор со Русија за да им се дозволи на цивилите да го напуштат опколениот град Мариупол со приватни автомобили, откако неколку претходни обиди не успеаја.
Верешчук денеска рече дека оние што ќе успеат да излезат од градот ќе можат да се возат со автобуси од блискиот град Бердјанск до градот Запорожје.
„Ќе направиме се што е во наша моќ автобусите полни со жители на Мариупол да стигнат денеска до Запорожје“, рече таа, додавајќи дека е постигнат договор за евакуација на цивилите од градот Мелитопол.
Мариупол, кој пред војната имаше 400.000 жители, е претворен во урнатини, со илјадници загинати цивили, а десетици илјади сè уште бараат пат надвор од градот до безбедно.