Руската амбасада во Франција вчера на Твитер објави, а потоа избриша, вулгарна карикатура насловена „Европската солидарност на дело“.

Оваа карикатура се појави повеќе пати од Русија, каде европските земји се „легнати“ пред САД, според неодамнешните забелешки на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренсува дописникот на МИА.

Деновиве францускиот сенат ја осуди кампањата за дезинформации што ја спроведува амбасадата на Русија во Франција во контекст на руската агресија во Украина.