Украинците тврдат дека погодиле и уништиле руски воен брод со кој на пристаништето биле носени дополнителни воени сили, односно борбени и оклопни возила.

Украинската морнарица, која го објави и видеото и фотографии соопшти дека Рускиот десантен брод Орск, Руската Црноморска флота, e уништен во пристаништето Бердјанск утринава. Пред 29 дена Русија ја почна инвазијата на Украина. Неколку рунди мировни преговори не помогнаа да се стави крај на војната.