Очигледно е дека Бугарите многу се поместија во нивната позиција. Тие тргнаа со тврди ставови преку Каракачанов со провокации и завршија со Бугарите во македонскиот Устав. Ние можеме лекции да им држиме на Бугарите во почитување на малцинските права, за идентитетските права. Јас дури и предложив Артан Груби да им го испратиме таму едно шест месеци за да им покаже како тоа функционира во либерална демократија, вели новинарот Сашо Ордановски во емисијата „24 анализа“ за спорот со Бугарија.

Според него, Бугарите реално добија лекција од европските колеги и се ставени во позиција за да размислуваат за неправедното вето.

-Барањето за Бугарите во нашиот Устав е изводливо. Тоа е технолошки изводливо. Ако не сакаме да се договориме, имаме 30 точки по кои можеме да се скараме. Познати се ставовите, не се праведни. Само Македонија е мултиетничка држава, а другите се уредени по старите принципи во Уставот дека не признаваат ништо друго освен државјанство. Дали имаме сила да ги реформираме грчкиот, бугарскиот Устав можеме, но каде ќе стигнеме е прашањето. Тоа е таа дилема и во политичките системи, рече Ордановски.