Бројни средби со нашите сојузници во рамки на вонредниот НАТО Самит во Брисел, потача Бујар Османи, кој заедно со премиерот Ковачевски и министерката за одбрана Петровска е на вонредниот самит на НАТО.

Силна потврда за единството на Алијансата и заедничките заложби за зачувување на евроатлантската безбедност, вели Османи.

-Обединети сме во солидарноста и поддршката за Украина и силната осуда на руската воена инвазија. Русија треба веднаш да запре со воените дејствија кои нанесуваат ненадоместлива загуба на човечки животи и далекосежни последици за безбедноста, мирот и просперитетот на целиот свет.