„Во 2014 година кога Путин за првпат ги нападна Лугањск и Доњецк ние имавме неутрален статус затоа мислам дека тоа нема врска со ништо, тоа  е само причина за него да не ја запре војната. Моментално имаме декларација напишана во нашиот Устав и менувањето на истата не мислам дека ќе го натера Путин да престане да го прави тоа што го прави и да ја запре војната“, порача украинската пратеничка Кира Рудик вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Таа вели дека рускиот претседател Владимир Путин не рекол дека ќе ја повлече својата армија доколку Украина се откаже од својата цел да стане членка на НАТО, односно дека тој рекол дека сака тоа да се случи, а исто така и дека сака да ја заземе Украина.

„Ова се мислам неговите намери и мислам дека едното прашање не е поврзано со другото. Да повторам, во 2014 година Украина имаше неутрален статус и не беше напишано во нашиот устав дека Украина сака да стане членка на НАТО но Путин сепак го отцепи Крим и ги нападна Лугањск и Доњецк, што е поразлично сега, зошто мислите дека доколку имавме неутрален статус тоа ќе го спречеше Путин да не нападне“, додава Рудик.

Пратеничката додава дека не е на претседателот на Украина Володимир Зеленски да одлучи за прифаќање на неутралноста.

„Не е негово да одлучи за тоа, тоа е во рацете на украинскиот парламент кој го претставува украинскиот народ и треба да има уставно мнозинство, значи 300 пратеници од 400 да гласаат за овие промени“, додава таа.

На прашањето дали нејзината партија ќе се согласи на ова, Рудик вели дека тие нема да гласаат.

„Не, ние нема да гласаме за тоа и не мислам дека ќе има 300 гласа во украинскиот парламент. Повторно, замислете дека сме го направиле тоа, замислете дека веќе сме гласале за ова и следниот ден Путин повторно нападне, што ќе се случи потоа?“, порача Кира Рудик на ТВ21.