– Со винетките моделот не е доволно праведен затоа што винетка користи и оној граѓанин кој патува секој ден на одредена дестинација и ги користи повеќе патиштата, отколку што некој можеби ќе наплати со регистрацијата винетка, односно, патна такса, а притоа можеби и нема да ги користи јавните патишта. Праведен модел е на тоа кој повеќе патува да плаќа повеќе, отколку некој кој користи само локални патишта, смета министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој посочи дека 46,4 милиони евра се собрани од наплата на патарини минатата година во ЈП за државни патишта.

– Оваа година, имаме најголем буџет за изградба и реконструкција на патишта, односно над 350 милиони евра, што значи дека многукратно повеќе се вложува во текот на годината односно тоа е проектиран буџет најголем во историјата на независна Македонија за изградба и реконструкција на патишта, потенцира Бочварски.