Владата на СДСМ е на чекор од исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари!, напиша на социјалните мрежи премиерот Димитар Ковачевски.

Како што вели тој, мерките за раст на плати и добрите економски политки, овозможија и во услови на двегодишна пандемија платите континуирано да растат.

-Остануваме посветени на растот на прходите и поддршка на сите граѓани. Покрај платите растат и пензиите, а обезбедуваме и финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во услови на криза. Преку 400 милиони евра се обезбедени за мерки кои значат повеќе приходи и полесно пребродување на економските предизвици со кои се соочуваме, вели Ковачевски.