Фармите со заразени и угинати кокошки во Албанија стануваат опасност по здравјето на вработените и персоналот. Министерството за земјоделство сè уште нема издадено наредба за истребување на живината.
Три фарми во Албанија се веќе ставени во карантин откако кај нив официјално беше потврден птичји грип. Но, јавноста ја критикува власта за лошо менаџирање со состојбата бидејќи се прекршуваат правилата за карантин и процесот за закопување на птиците. /Алсат.мк