Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека фокусот на овонеделниот состанок на НАТО треба да биде ставен на начините за постигнување примирје во Украина, а не само санкциите.

– Првата цел на сите треба да им биде прекин на огнот. Тековната војна треба да се прекине. Сите треба да се однесуваат одговорно и конструктивно, изјави денеска шефот на турската дипломатија пред новинарите, на маргините на Организацијата на исламската конференција во Пакистан.

Лидерите на земјите-членки на НАТО, вклучително и американскиот претседател Џозеф Бајден, треба да се сретнат в четврток во Брисел.

Чавушоглу додаде дека Турција како посредник врши притисок и е во комуникација со украинската и руската страна.

Министрите за надворешни работи на Украина и Русија, Дмитро Кулеба и Сергеј Лавров се сретнаа овој месец во Анталија, но безуспешно.