Има многу членови во ВМРО-ДПМНЕ кои влегоа како „голтари“, а излегоа како милионери од политиката, изјави во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21 првиот вицепремиер Артан Груби.

Груби изјави дека ДУИ се единствена партија која нема корупциски афери и скандали.

-Го повикувам Мицкоски да се обрати до обвинителство ако има докази за корупција. Тоа што Мицкоски го зборува може да земе пример од неговите поранешни партиски членови, кои влегоа „голтари“ а излегоа милионери од политиката“, рече Груби.

Тој претходно рече дека не го познава доволно Мицкоски, но изрази надеж дека тој е за членство во ЕУ.