Конечната нацрт-резолуција е испратена до Генералното собрание, а дипломати, под услов да не бидат именувани, изјавија дека гласањето би можело да се одржи уште в среда.
Резолуцијата го повторува барањето на 193-члената светска организација од 2 март, Русија да ја прекине воената операција во Украина, да ги повлече сите свои војници и да побара заштита на сите цивили и инфраструктура, неопходна за нивниот опстанок.
Во нацрт-резолуцијата, подготвена од Франција и Мексико, се наведува дека хуманитарните последици од рускиот напад врз Украина се „во размери што не се видени во Европа со децении“ и се осудува гранатирањето, воздушните напади и „опсадите“ на густо населените градови, особено јужниот град Мариупол.
Предложената резолуција силно ги осудува сите напади врз цивили и цивилни објекти, вклучително и конвои за евакуација, и ги повикува сите страни да ги „заштитат цивилите кои бегаат од вооружениот судар и насилство“.