Претседателот на албанската партија – Демократска партија, Љуљзим Баша денеска си поднесе оставка од функцијата претседател, јавува ТВ 21.

„Свесен за тежината што ја преземав, за тоа што го нарекувам моја најтешка политичка одлука, одлучив да направам чекор назад повлекувајќи се од задачата Претседател на ДП, но останувам одлучен за помагање во издигнувањето и обединувањето на демократите и Демократската партија, како единствена надеж за Албанците.

Ова не е повлекување за лична спокојност, но едно дополнително поттикнување, за да нашата битка за една ДП во иднина ја правиме сите заедно, надвор од секоја клевета и лага дека за тоа што се случи овие 6 месеци е направено за фотелјата на Претседателот“, кажа Баша.