Проблемот со вработените во државната администрација, кои седат дома и примаат плата е стара појава. Ова во емисијата „Дебати“ на ТВ Шења го изјави Билјана Ивановска прв човек на ДКСК.

Програмата К5 е од многу одамна од 2006-2007 година. Тогаш имаше некој Комитет на министри, кој што требаше да ги определи потребите, значи сите министерства требаше да достават какви профили им требаат, па врз основа на тоа да се вработуваат луѓе и да се расппредуваат во тие министерства “, изјави Ивановска.

Таа додаде дека се тргнало наопаку, наместо да се покријат потребите, тие вработувале луѓе само како бројка.

Наместо да ги добијат прво потребите, па после да бараат луѓе, кои што ќе ги насочат во тие министерствства, они земаа во првиот дел 250 вработени, па уште 250 и само ја товараа администрацијата, без да направат проценка. И сега тука имаше проблем, немаше кај да ги сместат, затоа луѓето останаа дома. Од друга страна тие им беа потребни за гласови. Тоа е јасно.“, изјави претседателката на ДКСК.

Ивановска додава дека за тој проблем е пишувано во ДЗР уште пред 15 години.