Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска изрази жалење за одолговлекувањето на предметот за висококатниците кај „Холидеј ин“.

Мене навистина многу ми е жал за предметот „Холидеј ин“, кој веќе една година е во Јавното обвинителство за организиран криминал и тие се уште не излегуваат… Толку изработен предмет, очигледен и изработен од наша страна, со се подкрепено. Имале процедури, чекале од МВР… Не знам што да кажам“, изјави Ивановска во емисијата „Дебати“ на ТВ Шења.