Претседателот Стево Пендаровски го помилувал Абдуљфета Алими, членот на собраниското обезбедување кој беше осуден за настаните од 27 април, за кого, пак, лидерот на Алијанса за Албанците тврдеше дека му го спасил животот, објави 360 степени.

На листата која Пендаровски ја потпишал вчера, а денеска е објавена во Службен весник, има уште четири други лица.