Министерот за економија Крешник Бектеши за ТВ21 изјави дека вечерва се очекува ново намалување на горивата, поточно за дизелот. Како што вели тој, согласно методологијата и пресметката, состојбата на светските берзи, но и мерките донесени од Владата за наламување на ДДВ и акцизата, вечерва на полноќ дизелот треба да поевтини за повеќе од пет денари.