Децата до 8 одделение да не носат заштитни маски на училиште.

Ваква одлука донеле членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок.

Станува збор за препорака, а конечната одлука, како и претходно ќе треба да ја донесе Главниот кризен штаб и Владата.

Од Комисијата велат дека будно ќе ја следат епидемиолошката состојба во земјава.