Новинарите и снимателите денеска, при посетата на поранешната фабрика „Охис“, беа оставени пешки да одат до местото каде се одржуваа изјави за медиумите, додека пак владините службеници тоа го направија со своите автомобили.

Новинарите побараа одговор од премиерот Димитар Ковачевски во врска со тоа дали смета дека е во ред тие да бидат паркирани на едно место, и пешки со својата опрема да дојдат на друго место, иако имало најава дека ќе бидат пропуштени медиумски возила.

„Ако тоа ви предизвикало непријатност сакам да ви се извинам во име на организаторите, ќе проверам дали е тоа заради безбедноста на објектот, бидејќи ние моравме да носиме специјална опрема. Доколку бил направен превид и доколку не се косело со безбедносните стандарди тогаш ќе се потрудам тоа да не се случи во иднина“, им одговори премиерот Ковачевски на новинарите коишто реагираа.