Фолк пејачката Сања Сани Гроздановска деновиве доби многу честитки од своите пријатели и колеги, откако објави дека се подновила со автомобил од марката Мерцедес.
Младата мајка на две девојчиња која веќе со години наназад е една од најангажираните пејачки во локали ширум земјава, за ,,Фокус” раскажува дека е горда на се што постигнала, бидејќи самата се изборила за животот кој денес го има со нејзините ќерки.
По потекло од Куманово, од пред извесен период е преселена во Скопје, каде купила стан, вели дека со напорна работа и јасна амбиција, се може да се постигне во животот.
-Започнав да заработувам сама, од музика уште на мои 16 години. Автомобилот, како и станот во кој живеам си ги купив сама. Преубаво е чувството кога не бараш ништо од никого, кога можеш да се потпреш на себе, на својот труд.
Сакам на сите девојки да им порачам никогаш да не чекаат ништо од било кого, туку да бидат самостојни. Нема цена задоволството кога сам одлучуваш што ќе правиш со твоите пари, кога не зависиш од никого и кога не треба никому да се правдаш за своите одлуки!-раскажува Сани.
Појаснува дека во животот минала низ многу немили ситуации и доживеала голем број на бродоломи. Сепак, никогаш не се предавала, во желба за добар живот за нејзините деца, таа станала голем борец и секогаш гледала само напред.
-Се што стекнав во мојот живот, стекнав сама. Сите бродоломи коишто ги доживеав, не ме поколебаа, ниту пак ме уништија. Напротив, по секое лошо искуство јас само уште помотивирано одев напред.
Како што рекле, секое лошо за добро е, така и јас, по секој животен предизвик станував уште посилна. Дојдов до таа точка кога сфатив дека жената не треба да чека некој херој да ја спасува и да и пружи добар живот, туку таа самата да си ги земе нештата во свои раце и да биде херојот на својот живот. Не чекам подароци, туку самата си ги купувам, и драго ми е што израснав во успешна и силна жена – раскажа Гроздановска./Fokus.mk