Доктор Никола Пановски, кој воедно е советник на Град Скопје, во гостување во Телевизија 24 изјави дека Данела Арсовска е поекстремна од ВМРО-ДПМНЕ и дека атмосферата во Град Скопје е демотивирачка.
-Тоа што се случува во Градот гледаме преку медиумите. Досега градоначалничката не изглега да каже што се планира со старите проекти, што со новите. Еве гледаме лидерот на опозицијата кажува што ќе се прави, без да не прашат. Самата атмосфера наликува на Собранието за жал и е многу демотивирачки. Не размислуваат за градот, туку за партијата и како да го нападнат противникот, вели Пановски.
Тој додава дека градоначаничката не сме ја осетиле дека е градоначалник на сите.
-Какви се нејзините односи во ВМРО-ДПМНЕ не знам, ама со останатите нас се никакви. Два пати се јави да одговара на советнички прашања и е поекстремна од ВМРО-ДПМНЕ. Мене ми е срам што седам таму. За среќа не сум ни со едните, ни со другите, вели Пановски.