Владата да донесе одлука за укинување на акцизата и ДДВ за зелена нафта за земјоделците, како и 0% ДДВ на вештачките ѓубрива веднаш, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Земјоделците иако најпогодени од кризата не се опфатени со наводните владини мерки. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на земјоделците и повикува владата да ја ослободи зелената нафта од акцизи и ДДВ, како земјоделците ќе може да имаат пониски трошоци за производство. Дополнително веднаш да се намали ДДВ за вештачките ѓубрива на 0%, бидејќи тие на светските берзи бележат раст и до 100% изминативе неколку месеци, и со тоа во голема мера влијаат на трошоците за производство. Владата веднаш да се насочи и на изнаоѓање на нови пазари, бидејќи голем дел од земјоделските производи во голем процент завршуваа во земјите во војна, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата да не трча по дневен популизам, туку да преземе мерки кои ќе имаат долгорочен ефект, додаваат од таму.