ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека мерките што ги носи власта за ублажување на последиците од кризата се чист популизам и дека тие се задоцнети. Како што велат од оваа партија, откако СДСМ е на власт нема нови странски инвестиции, нема инвестиции во капитални проекти, оваа криминална банда на власт мисли само на тендери и партиски вработувања на грбот граѓаните.
-СДСМ не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на нафтените деривати за 50% и веднаш да се намали цената на горивата за 13 и 9 денари, туку понуди комплициран модел кои никој не го разбра и не гарантира дека ќе допринесе за намалување на цената на дериватите.
Доколку власта не водеше инает и ги прифатеше предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и стопанството ќе беа помалку оштетени од новите поскапувања, веќе 2 недели граѓаните ќе имаа намалени акцизи од 50%, за горива, а со откажување од ДДВ за основни прехранбени продукти, и поевтини намирници.
СДСМ и ДУИ се обидуваат со доделување по 1.000 денари месечно да ги прелажат пензионерите и граѓаните.
За разлика од Македонија, каде што изминативе 4 години нема ниту една нова странска инвестиција, реализацијата на капиталните проекти е на најниско ниво, инфлацијата ќе достигне двоцифрена бројка, нашиот северен сосед, Србија изминативе години отвори нови 250 фабрики од над 3.9 милијарди евра инвестиции, а на секој полнолетен граѓанин во оваа криза им даде по 100 евра, а на пензионерите по 170 евра.
Ја повикуваме владата во најбрз можен рок да направи ребаланс на Буџет и да се откажат од сите непродуктивните трошоци. Да се откажат од луксузирањата и парите да ги пренасочат кон граѓаните и намалување на последиците од кризата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.