Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 2.182 тестови, а регистрирани се 302 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 35 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица, а согласно регистарот на починати со дијагноза Ковид 19 од Мој Термин, пријавено е уште едно починато лице на 7-ми март. Во изминатото деноноќие регистрирани се 315 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 2.046.