Со градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, извршивме увид во состојбата на улицата „Бутелска“, во општина Бутел за чија реконструкција Градот Скопје издвои 26 милиони денари. Ова е најпрометната улица во општина Бутел, при што покрај коловозот, целосно ќе се заменат оштетените тротоари и автобуски постојки, а со реконструкцијата се решава едно од барањата на граѓаните во овој дел од градот, а со ова го олеснуваме функционирањето и движењето на повеќе од 25.000 граѓани кои секојдневно транзитираат на овој потег, напиша градоначалничката Данела Арсовска на социјалните мрежи.