Претседателите на Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на САД Џо Бајден денеска имаа 45-минутен телефонски разговор за билатералните односи и ситуацијата во Украина, објави весникот Хуриет.
Се разговарало за одговорот на руската воена интервенција во Украина и евакуацијата на цивилите од зоната на конфликтот.
Двајцата лидери разговарале и за резултатите од дипломатската средба во Анталија и за прашањата кои биле на маса на состанокот меѓу министрите за надворешни работи на Украина и Русија, Дмитриј Кулеба и Сергеј Лавров.
Ова е четврти контакт на Бајден и Ердоган, потсетува весникот.