Двајца мажи од Косово одлучија да се приклучат на војната на страната на Украина, против Русија, пренесува „Репортери“.

Азиз Бехљуљи и Исмет Шаља од општина Сува Река изјавија дека решиле да се борат во Украина, со цел таа земја да ја признае независноста на Косово.

„Причините се хумани, заеднички непријател“, изјави Бехљули за „Канал 10“ додека чекаше со Шаља на полско-украинската граница.

Шаља рече дека сакаат да се приклучат на САД и дека можеби после тоа „Украина ќе го признае Косово како држава“.

На прашањето дали на Косово му се заканува војна, тие рекоа дека не веруваат.

Инаку, учеството во војни надвор од територијата на Косово е кривично дело и е класифицирано како терористички акт, а предвидената казна е од три до 15 години затвор.

Се уште не се знае дали Бехљуљи и Шаља ќе можат да влезат на украинска територија, пишува „Репортери“.