Во Скопје се роди прво бебе од бегалци од Украина. Оксана ја напуштила татковината поради руската инвазија и била бремена, а денеска во гинекологија во Чаир на свет донесе здраво девојче.

-Убави вести ни доаѓаат од гинекологија во Чаир, Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3.890 кг и долго 54 см. Оксана и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце.

Во разговорот со Оксана, таа ме информираше дека е задоволна од здравствената услуга и дека одлично се чувствува.И посакав добро здравје и многу среќни моменти, напиша на социјалнте мрежи министерот за здравство Беким Сали