Јас не го знам тоа име, никогаш не сум запознал човек со тоа име и презиме, вели во интервју за Макфакс, вели министерот Бујар Османи, зборувајќи за Бесмира Ејупи, која во јавноста се споменуваше како иден конзул во Њујорк. Сепак признава дека имало разговори во Владата, но не откри детали затоа што била затворена владина седница.

„Ова го сметам повеќе како шпекулација и врз основи на разговори во Влада, иако никогаш немало одобрена одлука за тоа прашање во Влада. Јас не ја познавам, не сум ја сретнал во животот. И да постоело, зошто е реакцијата? Затоа што е жена, затоа што е млада, затоа што е Албанка? Таа госпоѓа јас не ја знам и немало одлука. Сега повеќе го коментирам ефектот на оваа дебата во јавноста кој се создаде и создаде недобар вкус, рече Османи.

Прашува зошто се прејудицирало и вели дека не можеме да ги отфрлиме младите. Додава дека Македонија имала премиер на тие години, а тој бил министер за здравство на 28 години.

„Таа беше чудна дебата, беше затворена седницата, но немаше таква одлука. Сепак дебатата беше чудна и треба да се анализира од каде таа хистерија. Јас освен на телевизија таа госпоѓа не сум ја видел.

Претходно и премиерот Димитар Ковачевски тврдеше дека за Бесмира Ејупи слушнал на вести.