Здравствена установа „никогаш не треба да биде цел“, изјави денескапортпаролот на ОН Стефан Дужарик по рускиот воздушен напад врз детска болница во Украина.

Обединетите нации и Светската здравствена организација повикаа на „итно прекинување на нападите врз здравството, болниците, здравствените работници и амбулантите“, рече Дужарик на прес-конференција.

Властите во југоисточниот град Мариупол, кој е под постојано гранатирање од страна на руската војска, соопштија дека денешниот напад биле повредени најмалку 17 вработени во болницата.

– Досега се повредени 17 болнички персонал“, рече Павло Кириленко, началник на југоисточниот регион Доњецк, во видеото објавено на Фејсбук и Твитер. Тој додаде дека „засега нема повредени деца“ и нема загинати.