Партијата на пензионерите се придружува кон јавно искажаните негодувања и осуди упатени кон Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ), кој во својство на единствен претставник на регистрираната организација на сојузите на здруженијата на пензионерите на Македонија, донесе одлуки за зголемување на износот на членарината, а истовремено намалување на износот за исплата на посмртната помош на корисниците на пензија од средствата на солидарниот фонд.
Оттука велат дека одлуката да се намали износот на висината на средтсвата кои се исплаќаат како посмртна помош од солидарниот фонд, е донесена исклучиво и само преку органите на СЗПМ. Во истата нема никакво учество Партија на пензионери, ФПИОСМ, ниту друг орган или институција на Владата.
Партијата на пензионерите ги упати сите заинтересирани да побараат одговори и да го искажуваат своето незадоволство исклучиво кон раководствата и органите на СЗПМ или Здруженијата на пензионери кои учествувале со подршка при нивното носење.
Од Сојузот на пензионерите претходно денеска порачаа дека намалувањето на посмртната помош за пензионерите од 30 на 25 илјади денари е времена одлука.