Rускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц за дипломатските напори за прекин на непријателствата во Украина и воспоставување хуманитарни коридори.

Британските медиуми го пренесуваат соопштените на Кремљ во кое се наведува дека Путин и Шолц разговарале за последната рунда разговори меѓу Киев и Москва и дека двајцата лидери се договориле да продолжат со контактите за ова прашање.

Кремљ, истотака, наведува дека Путин на германскиот канцелар му кажал дека украинските националисти се обидуваат да го попречат безбедното евакуирање на цивилите.

„Посебно внимание беше посветено на хуманитарните аспекти на ситуацијата во Украина и републиките во Донбас. Рускиот претседател го информираше германскиот канцелар за мерките за организирање хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од областите на борбени операции и за обидите на милитантите од националистичките единици да го попречат безбедното евакуирање на луѓето“, се додава во соопштението.