Украинската биатлонка Анастасија Лалетина (19) се повлече од Зимските параолимписки игри, откако нејзиниот татко бил заробен од руските воени сили.

– Нејзиниот татко е украински војник, а го заробија руските сили, соопшти денеска портпаролката на украинската параолимписка репрезентација, додавајќи оти не располага со повеќе детали за неговата судбина.

Лалетина наскоро ќе го напушти параолимпиското село и ќе замине за Полска.

Лоши вести од татковината денеска пристигнаа и за еден од украинските тренери, чија куќа во градот Харков била урната од руски проектил.