Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Клик Плус ги смируваше граѓаните во однос на состојбата со нафтата во нашата држава и вели дека не увезуваме од Русија.

„Нема простор за паника за недостиг нафта, изворот не ни е од Русија“, рече Битиќи.

Тој напомена дека во текот на последните два дена пред покачувањето, се продадени 200 тони нафта, а вообичаено се продаваат 40 тони.