Српската пејачка Емина Јаховиќ ги загрижи своите следбеници на Инстаграм објавувајќи фотографија на која откри дека речиси  по цели денови останува гладна.

Имено пејачката се определила за диета која предизвикува бурни реакции особено кај стручњаците, особено бидејќи во организмот не се внесува храна дури 48 часа.

-Точно 20 часа без храна, идеме, порача пејачката.

Потоа таа додаде дека планира да продолжи без да јаде во следните 28 часа, односно цели два дена, што предизвика големи реакции кај нејзините следбеници особено бидејќи пејачката има совршено тело и килограми која речиси секоја пејачка сака да ги има на нејзина возраст и две родени деца.