„Веќе неколку денови функционерите на ДУИ ја клеветат албанската опозиција, а денеска Бујар Османи го достигна врвот обвинувајќи ги граѓаните дека ја поддржуваат Русија. Тој рече дека купувањето гориво од руски компании е директна помош на Русија“, велат во писмената реакција од Алијансата за Албанците.

„Со овие зборови Османи ја направи фројдовската грешка и со своја уста призна дека е главниот финансиер на Русија“, додаваат од таму.

„Од официјалните податоци од алатката за објавување на трошоците, произлегува дека МНР гориво купува од руската компанија лиценцирана кај нас. Некои од резервите беа направени дури и во последните денови од февруари. Покрај Министерството на Османи, најголемиот дел од Владата и државните институции се снабдувале од истата компанија.

Погледнете на следниот линк “, се додава во писмената информација од Алијансата за Албанците.