Арсовска да не се крие, да одговори дали поради дилови на Мицкоски е прекинат проектот БРТ за превоз во Скопј, велат од СДСМ.

Како што велат од оваа партија и ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска се обидуваат да го забошотат признанието на Мицкоски дека преговарал за набавка на аботобуси за Град Скопје.

-Арсовска да не се крие, да одговори во чие име и во какво својтво преговара Мицкоски за набавка на автобуси наменети за Град Скопје? Кој го овластил Мицкоски да преговара и како е можно претседател на партија да подготвува меѓународни тендери? Дали зад ова се кријат одредени бизнис дилови на Мицкоски па затоа Арсовска го прекина проектот Бас рапид транзит? Надлежните институции имаат должност да го разгледаат и да постапат по овој случај, велат од СДСМ.