По обилните врнежи на снег кои го зафатија Скопје изминатото деноноќие, зимската служба на Општина Центар е на терен и го расчистува снегот од улиците кои се под надлежност на општината.

На неколку делови во општината по пријава од граѓани евидентирани се штети по што градоначалникот Горан Герасимовски излезе на терен и направи увид во состојбата. Станува збор за неколку паднати дрва на коловози и паркинзи во Капиштец и Водно. Истите причиниле прекин во сообраќајот и штети на неколку автомобили.

Екипи од ЈП „Паркови и зеленило“ како надлежна институција за одржување на зеленилото ги санира штетите најпрво расчистувајќи ги коловозите со цел да обезбеди непречен и безбеден сообраќај.