Екипа на британската телевизија Скајњус успеала да се спаси по заседа во Киев во понеделникот, објави нивната медиумска куќа.

Новинарот Стјуарт Ремзи и новинарската екипа се движеле со автомобил кога според Скајњус руски саботери почнале да пукаат кон нив.

Снимателот Ричи Моклер бил погоден со два куршуми во панцирот. И покрај се, Моклер продолжил да снима и го регистрирал целиот напад.

ТВ екипата успеала да се засолни во една фабрика, по што украинската полиција ги извлекла од заседата.

Тимот на Скајњус подоцна е евакуиран во Британија.